Еден милион евра за медитеранска плажа во Охрид

Од:

Министерството за транспорт и врски распиша оглас за уредување на 500 метри плажа во населбата Лагадин во Охрид.

Проценетата вредност на договорот без вклучен ДДВ е 62.288.136 денари или околу еден милион евра.

Предвидената локација за изградба на плажата Лагадин се простира на потегот од хотелот „Два бисери“ кон патот за Св. Наум.

Според информацијата од министерството за транспорт и врски плажата Лагадин ќе биде изградена во медитерански стил.

Според планот ќе има два шанка, два објекти со тоалети, тушеви и гардеробери, објекти за сместување лежалки и чадори, игралишта за деца, две платформи во вода, два мола за прифаќање на чамци, педалини и други пловни објекти.

Од министерството за транспот на прашање на А1 дали плажата ќе биде готова до почетокот на сезоната, одговорија дека очекуваат изградбата на плажата да заврши во август што значи поголем дел од летната сезона ќе биде поминат.

Од транспорт и врски најавија дека плажата која за уредување ќе лапне над еден милион евра народни пари, ќе имало и атрактивни делови со лежалки и чадори со различни облици и бои, дел со балдахини и слободни песочни делови за корисници кои сакале сончање на песок.

На половина километар долгата плажа која допрва ќе се уредува ќе имало и терени за одбојка и фудбал, куќички за спасители клупи но и јарболи каде ќе се вее државното знаме.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид