Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев на прес конференцијата во Охрид објави разговор, како што вели меѓу Гордана Јанкулоска и соговорник , Миле Јанакиески и соговорник и Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер, од кои вели, се прават договори како да се победи по секоја цена во Охрид.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и соговорник
С: Ало министерке.
ГЈ: Ало. Еј, ми вртеше кажи.
С: Вака за една ситуација. Во Охрид синоќа имавме интервенција со тие едни бандити од СДСМ, тие Цане и сега во моментот ми кажуаваат колегите дошле од внатрешна во Скопје.
ГЈ: Види они нека документираат, ќе си биде се во ред.
С: Е така да ве известам, да знаете, да не се измешаат…
ГЈ: Мислам… да, да знам, ми се јави Мартин за таа работа. Ние да го документираме како што е редот и да напрајме како што треба да напрајме. ОК.
С: ОК. Во ред, да ве известам јас само, да не ни се измешаат работите затоа.
ГЈ: Да, да, да. Така и треба да сме координирани, коа сме координирани не праиме грешка. ОК важи.
С: Е така.
ГЈ:Друго нешто по град? Мирно?
С: Тековно се, тековно нема…
ГЈ: Добро важи се слушаме. За ова немај гајле ќе си биде во ред.
С: ОК
ГЈ: ОК, ајде поздрав.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник
МЈ: Прво овој да го уапсиме Ацо и тој другио после шо сакаш
С: Ќе ги мафнит како ххахах… Обавезно тие, шо, немат тука…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер
МП: Абе за овој ќе има ли нешо за Ацо Петрески?
ГЈ: Ќе има
МП: Да живее Македонија. Фала
ГЈ: Само имам…таму имам доста работа, малку… треба време малку
МП: Да добро
ГЈ: … за да биде ко шо треба, сеа да не биде знаеш за без врска работа, ама…
МП: Да да да…
ГЈ: … се работи
МП: Добро ајде…
ГЈ: Слушај, на крај ќе му се закачиме нема бегање
МП: Нема да хахаха
ГЈ: Така да биди си спокоен