Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев на прес конференцијата во Охрид објави разговори, како што вели меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, за злоупотреби за да се освои по секоја цена Охрид.
И на Ставрески и Јанкулоска, вели, им се смачува што се од ВМРО.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ЗС: На нас ни се смачува од…шо сме од ВМРО
ГЈ: Знаеш еве вчера со Кире од кај мене зборам шо ми е шеф на кабинет, он у Центар живее тука и за оваа другава работа нешо збориме, вика да ви кажам вика да не е… пошо на него му дадов некои работи таму да ги брка да сум сигурна дека законски сме покриени, вика да не е вика за вас и да не е за партија, вика немате поима колку ми се гади од целава работа.
ЗС: Па сигурно… све е Охрид и ова.
ЈГ: За Охрид да не праиме муабет мислам Охрид.