Ахмети: ЕУ и САД да се вклучат во решавањето на политичката криза

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Скопје Аиво Орав, соопшти денеска партиската прес-служба. Ахмети и Орав разговарале за политичката ситуација во Македонија, политичкиот дијалог, меѓуетничките односи, како и интеграцијата на земјата во ЕУ.

Ахмети истакнал дека почетокот на политичкиот дијалог во Брисел треба да се зајакне и унапреди што е можно поскоро за да се надмине политичката криза. Европската комисија, според него, треба директно да се вклучи со однапред одредена агенда за инволвираните страни, но исто така и да го следи судскиот процес кој ќе обезбеди кредибилитет и доверливост на сите страни.

Лидерот на ДУИ нагласил дека Вашингтон може да има конструктивна улога во охрабрувањето на страните со цел да се надмине политичката криза.

– ДУИ е одговорна партија и работи за интересите на сите граѓани и на државата, определена да биде дел од решението, а не дел од проблемот. Политичката криза влијае на очекувањата на граѓаните за стабилна, безбедна Македонија, интегрирана во НАТО и да ги започне преговорите за членство во ЕУ, со добри меѓуетнички односи и добрососедството, како и оптимални услови за одржлив економски развој. Политичките партии треба да сторат сè што можат да се фокусираат на остварување на очекувањата на граѓаните, но и да покажат подготвеност за да се осигура стабилноста и демократскиот капацитет на националните институции  за да се справат со политичка криза, стои во соопштението од ДУИ по средбата Ахмети – Орав.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски