Поминаа неколку недели од лансирањето на новиот Ајфон (iPhone), но за жал, овој модел корисниците во Србија ќе мора да го набавуваат во странство или да го купат од препродавачи по многу повисока цена.
Во Србија може да се најде Ајфон 5, но и до два пати поскап отколку во некоја странска држава, и поради тоа што поминува преку препродавач, официјална гаранција нема или е дополнително закомплицирана.
Бидејќи Ајфон не се произведува во Европската унија, не подлегнува на новата регулатива за мобилните телефони од ЕУ да не се плаќаат царински давачки при увоз. Од друга страна, по купувањето може да се бара поврат на данокот од државата каде е купен телефонот.
Бидејќи е наменет за лична употреба, а неговата вредност не надминува 3.000 евра, за него веднаш се плаќа царина на граничниот премин. Износот на овие трошоци е збир на давачки и ДДВ, поточно околу 33 проценти од вредноста на стоката.
Исто толку се плаќа и кога се нарачува преку интернет, но потоа дополнително се плаќа испораката од околу 40-60 евра во зависност од компанијата која врши испорака.