Сериозна производствена грешка на капакот на новиот нуклеарен реактор во француската централа Фламанвил

Од:

Сериозна производствена грешка е откриена на резервоарот на нуклеарниот реактор во Фламанвил (Манш) потврди Пјер-Франк Шевет, претседател на француските власти за нуклеарна безбедност, нагласувајќи дека властите ќе ја донесат соодветната одлука откако ќе го проучат добро ова досие, јавува дописникот на МИА од Париз.

Пјер-Франк Шевет ова го изјави при претставувањето на извештајот за нуклеарна безбедност во Франција во 2014 на органот кој се занимава со овие прашања, пред Парламентарното Канцеларијата за евалуација на научни и технолошки избори (OPECST).

Минатата недела, независните административни власти за нуклеарна безбедност, објавија дека е откриена „аномалија” во составот на челичниот капак и дното на резервоарот на третата генерација нуклеарни реактори изградени од ЕДФ и Арева . “Ова е производствен дефект, што јас би го нарекол сериозен или многу сериозен, кој се однесува на критична компонента на резервоарот. Со други зборови, ние ќе му посветиме посебно внимание”, изјави Френк Шевет пред пратениците и сенаторите.

Групата „Арева“, производителот на резервоарот мора да понуди дополнителни тестови “за да се оцени важноста на аномалија, да се обидеме да ја квалификуваме и да видиме какво потенцијално влијание има врз безбедност”, истакна тој. Ова претставува „многу работа за неколку месеци” за да изработи досието. “На крајот (…) тоа нема да биде дека ние имаме силно убедување по ова прашање, ако сакаме да започне со работа (реакторот), ќе треба да бидеме сигурни”, додаде ФренкШевет. “Сосема е исклучено дека овај сад може да пукне, тој треба да биде дизајниран така за да се исклучи тоа”, истакна тој.

При носењето на оваа одлука, француските власти за нуклеарна безбедност ќе го користат својот тим од специјалисти и експертите од Институт за радиолошка заштита и нуклеарна безбедност. Франк Шеве не ја исклучува, исто така можноста да се посоветуваат и странски експерти. “Јас не ја прејудицирам одлуката на кој било начин, со оглед на важноста на аномалија”, рече тој. Со тестирање, Арева покажа дека во некои области на садот, еластичните вредности (способност да апсорбира материјален шок) се покажаа пониски од бараните за нуклеарна опрема под притисок.

Проблемот со резервоарот кој треба да ја гарантира нуклеарната безбедност во случај на проблем со фузијата во рекаторот, опрема која треба да трае до крајот на животниот век на централата, најверојатно ќе го одложи и понатаму пуштањето во погон на реакторот од третата генерација.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата