Полицијата во Пожаревац, соседна Србија, поднесе кривична пријава против Горан П. (32) од Пожаревац, бидејќи го нападнал својот дедо B.P. (74) со моторна пила.
Горан П., според соопштението живеел во семејната куќа со својот дедо и навреден затоа што дедо му продал предмети од куќата меѓу кои и компјутерот, па сакал сам да му пресуди со моторната пила.
За среќа дедото избегал во спалната соба и се заклучил, но внукот ја исекол целата врата со пилата, а дедото низ прозорецот избегал.