Владимир Милчин: За она што нема да биде простено

Од:

Нема да биде простено ако СДСМ престане со обелоденувањето на Вистината за Македонија. Заев им ја вети на граѓаните на Македонија комплетната вистина за тоа како партијата ја изеде државата. А, патем, и вистината за тоа како фамилијата ја изеде таа партија.

Нема да биде простено ако СДСМ прифати амнестија за збеснатите криминалци од власта и нивното криминално владеење. Заев им вети на граѓаните на Македонија дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. А каква е таа гаранција дека десетте години грабеж, лаги и малтретирање нема да се повторат, доколку на злосторниците им биде простено?

Нема да биде простено ако СДСМ се откаже од конфискација на украденото, ограбеното и изнуденото. Кој ќе поверува дека Македонија може одново да застане на нозе доколку на амнестираните им се дозволи да остават зад себе пустелија?

Нема да биде простено ако СДСМ заборави дека се работи за иднината на Македонија. За нејзините граѓани? За слободата, демократијата и владеењето на правото?

Нема да биде простено ако СДСМ во името на привидната стабилност потклекне пред притисокот на странците и прифати уште еден компромис чие вистинско име е капитулација.

Нема да биде простено ако СДСМ влезе во стапицата дека се работи за судир на две партии, а не за судир на криминалната тајфа на власт и мнозинството граѓани.

Нема да биде простено ако СДСМ заборави дека вети дека ќе ги брани интересите на граѓаните на Македонија, оние кои без вина чмаат по затворите, оние за кои нема лекари и лекови, оние за кои нема леб и млеко, оние за кои нема ни струја ни вода, оние за кои нема правда, оние кои немаат дерман од инспектори и рекетари, оние за кои нема работа ни социјална помош, оние за кои нема живот во Македонија.

Нема да биде простено ако СДСМ ги изигра надежите што ги разбуди во Македонија потоната во страв и очај.

Нема да биде простено ако СДСМ ги продаде оние кои претходно ги прогласи за вистински патриоти, оние кои прислушувањето организирано од власта го претворија во оружје против неа.

Нема да биде простено ако СДСМ има слух за пеколните комбинаторики на Љубчо Георгиевски кој се надева дека ќе ќари во матното.

Нема да биде простено ако СДСМ го предаде Зоран Заев!

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лажни вести за политичко поентирање

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Семејна фирма на Томовски од СОЗР ги „чисти“ парите на граѓаните и тоа во милиони евра

А1он