Над 1000 пожарникари се борат со огнената стихија што го зафати Њу Мексико, во најголемиот пожар досега на територијата на САД.
Опустушени се 916 квадратни километри, од планината и кањонот на југозапад од оваа сојузна американска држава. До сега се уништени 227 000 хектари од националнот парк Гила, а огнот се движи кон општината Гленвуд.
Според експертите, на пожарникарите ќе им бидат потребни неколку седмици за целосно да го изгаснат пожарот, поради ветрот и сушата. Постои основан страв дека огнот може да се прошири и во Колорадо и Аризона.