Прифатени жалбите на Куманово и на Работнички

Од:

Арбитража одлучи: Прифатени жалбите на Куманово и на Работнички
Куманово и Работнички нема да бидат исфрлени во понизок ранг на натпреварување откако Арбитражната комисија денеска ги прифати жалбите на двата клуба по одлуките што беа донесени од страна на Натпреварувачката комисија во претходните денови, пишува Екипа.

Арбитражната комисија на денешниот состанок донела сосема очекувана одлука, двете жалби на Куманово и едната на Работнички да бидат прифатени поради фактот дека Натпреварувачката комисија во самиот старт ја нарушила процедурата, бесправно одложувајќи го првиот меч Карпош соколи – Куманово без да се повика на член од Правилникот на натпреварување. Од оваа одлука потоа произлегоа и сите останати нерегуларности, вклучувајќи го тука и бесправното закажување на второто коло, иако сите правни процедури за првата рунда (по жалбата на Куманово до Арбитража) не беа финиширани.

Останува да се види каква ќе биде целокупната разврска на ситуацијата, со оглед на фактот дека значителен дел од хаосот се уште останува, од аспект на статусот на Карпош соколи, тим што според пропишаниот Закон за Спорт не се трансформираше навреме во Акционерско Друштво (до стартот на Супер-лигата). Сега топката се враќа кај Натпреварувачката комисија, која по консултациите со Агенцијата за Млади и Спорт и со Македонската Кошаркарска Федерација ќе треба да донесе одлука за иднината на „соколите“.

Останува да се види колку долго ќе трае овој процес и дали во меѓувреме ќе се игра кошарка во Македонија, но и дали некој ќе понесе одговорност за целокупниот хаос што го создаде Натпреварувачката комисија со одлуки спротивни на правилникот, кои на целокупната јавност и беа познати и од претходно, а денеска само беа потврдени од страна на Абритражната Комисија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос