КК Работнички: Комисијата за натпреварување при МКФ да не потклекнува под никакви притисоци

Од:

Арбитражната комисија на Македонската Кошаркарска Федерација ја усвои жалбата на КК Работнички поднесена против одлуката на Комисијата за натпреварување, со која најтрофејниот кошаркарски клуб беше исклучен од понатамошно натпреварување, симнат во понизок ранг на натпреварување а натпреварот со КК Карпош Соколи беше регистриран со службена победа за гостинот. Истата се укинува и предметот е вратен на повторно постапување во Комисијата за натпреварување при МКФ притоа истата да ги има во предвид сите позитивни прописи и актите на МКФ, датумот на закажаната супер лига, потребните документи за стекнување на право во истата и сите други факти и околности.
Воедно Арбитражната комисија смета дека основот за жалба на КК Работнички е ОСНОВАН од причини што статусот на КК Карпош Соколи 2000 и неговото право на настап во суперлига СЕ СПОРНИ.

Сакаме да повториме дека КК Работнички не го прави овој чекор од лични причини туку уште еднаш застануваме на страната на правото и законитоста во спортот со цел еднаков третман на сите клубови учесници во лигите.

Одлуката на Арбитражната комисија на Македонската Кошаркарска Федерација само го потврди ставот зад кој цврсто стоиме. Веруваме и сакаме спортски да победуваме но само во амбиент кога сите клубови добиваат исти услови водени од правилата и актите на МКФ.

Само доколку правилата се еднакви за сите на оваа лига ќе биде легитимна. 15-тата титула нема да ја има таа тежина доколку не ги измериме силите со клубовите во фер атмосвера, во лига во која се почитуваат законите, прописите и актите и во која сите сме еднакви.

Ја повикуваме Комисијата за натпреварување при Македонската Кошаркарска Федерација да не потклекнува под никакви притисоци и да донесе правична одлука, велат од клубот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос