Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во 1/8финалето на турнирот во Монте Карло, откако денеска со 2:0, по сетови 6:2 и 6:1 го победи Лукас Пуј од Франција.
На „Кралот на земјените патеки“ му беа потребни само 70 минути да го елиминира денешниот ривал.
Следен противник на Надал ќе биде победникот од мечот Виктор Троицки (Србија) – Џон Изнер (САД).
Пласман во следната рунда покрај Надал изборија и: Томаш Бердих (Чешка), Баутиста (Шпанија), Томи Робредо (Шпанија), Стан Вавринка (Швајцарија), Григор Димитров (Бугарија) и Жил Симон (Франција).