Забранета за пиење водата од изворот во гевгелиско Ума

Од:

Републичкиот институт за јавно здравје ја забрани употребата на водата за пиење од каптираниот извор на гевгелиското планинско село Ума.

Преку соопштение дистрибуирано од регионалниот центар за управување со кризи, се информираат локалните жители на селото, граѓаните на општина Гевгелија, како и многубројните викенд туристи и планинари, дека водата од изворот не одговара на законските и стручните прописи во однос на бактериолошките анализи.

Резултатите од направените анализи покажале присуство на значително зголемен број бактерии поради што водата времено е забранета за пиење. За повторна употреба на водата од селскиот извор во Ума се препорачува вршење редовна дезинфекција во периодот до следното испитување.

Би можело да ве интересира

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он