Во Велика Британија е изградена една необична куќа, која на прв поглед наликува на голем црвен амбар, но нејзина основна карактеристика е сложената подвижна фасада.
Станува збор за градба која претставува целина од куќа, гостинска соба и гаража. Секој сегмент е поврзан со куќиште тешко 20 тони, што лизга со помош на моторен погон и овозможува константна промена на фасадата и остава впечаток дека куќата има повеќе лица.
Ваквата иновација им нуди можност на станарите да уживаат во различностите на нивниот дом. Дополнителна можност на оваа куќа е и лизгачкиот покрив, со кој може да се покрива или отвора базенот по желба на сопствениците.
Овој иновативен станбен простор во 2009 година ја доби наградата на Кралскиот институт на британските архитекти.