Специјалниот претставник за истрага на корупција во Еулекс, Жан-Пол Жаке и го предаде денеска на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини извештајот за резултите од истрагата, во кој се наведува дека не се најдени докази за обвиненија за корупција.
Во документот, кој денеска е објавен на интернет страницата на Европската служба за надворешни работи, детално се опишува случајот на обвинителката на Еулекс, Мари Бамие, која обвини високи функционери на Еулекс дека земале поткуп и ги прикривале случаите за корупција, иако нејзиното име во извештајот е затемнето од правни причини.
Жаке тврди дека не се најдени докази за нејзините обвинувања, но констатирал повеќе пропусти во работата на европската правосудна мисија и дал препораки тие да се отстранат.