Започнува разигрувањето во АБА лигата

Од:

Со натпреварите во Подгорица и Белград денеска започнува завршницата на регионалната кошаркарска АБА лига.

Во полуфиналето, екипите на Будуќност и Црвена Звезда ќе ја имаат предноста на домашен терен против Цедевита и Партизан.

Во Подгорица попладнево и утре ќе се одиграат првите две средби меѓу Будуќност и Цедевита во серијата подобар до три победи, по што третиот и евентуално четвртиот меч би де играле во Загреб, а мајсторката би се играла во Подгорица.

Големите белградски ривали Црвена Звезда и Партизан својата прва пресметка ќе ја имаат вечер од 21 часот, а според информациите навивачите на условно речено гостинската екипа нема да може да го следат мечот.

Имено, иако пред стартот на сезоната двете белградски екипи се договориле, на „гостите„ да им отстапат по 500 влезници, сепак црвено-белите се предмислиле, со образложение за поголема безбедност на трибините, но и надвор од нив.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос