Работнички избркан од Суперлигата

Од:

Денешниот ден би можел да биде запаметен како најцрн во досегашката историја на македонската кошарка, откако Комисијата за натпреварување го исклучи Работнички од понатамошното натпреварување во Суперлигата и тоа поради два порази со службен резултат, објави Спортмедиа.

„Центарци“ викендов одбија да играат против Карпош Соколи, меч кој денеска беше регистриран со 20-0 за „соколите“, што беше втор „жолт картон“ за тимот од „Градски парк“, кој на почетокот од сезоната загуби на „зелената маса“ и од МЗТ Скопје. Тогаш, кошаркарите на Работнички одбија да се вратат на паркетот по прекинот за празнење на трибините, по што останаа и без бодот наменет за поразениот тим.

Според актите, поради фактот што веќе се одиграни повеќе од половина од натпреварите во кошаркарската елита, сите преостанати суперлигашки средби на 14-кратниот шампион ќе бидат регистрирани со службена победа на противниците.

Членовите на комисијата со службени 20-0 го регистрираа и мечот Куманово-Кожув и тоа во корист на гостите од Гевгелија откако кумановци не се појавија на тернеот на средбата на која требаше да бидат домаќини. Но, тие сѐ уште го имаат суперлигашкиот статус поради фактот што тече жалбената процедура поврзана со нивниот прв ваков потег, неизлегување на паркетот на дуелот со К. Соколи од првото коло од Суперлигата. Ако Арбитражната комисија ја одбие жалбата, тогаш и Куманово ќе биде исклучено од натпреварувањето.

Со оглед на новонастанатата ситуација, комисијата за натпреварување стави мораториум на кошарката односно го одложи 3. коло, кое требаше да се одигра утре, сѐ додека не поминат сите процедури и не биди утврден конечниот број на екипи кои ќе продолжат да се борат за титулата.
Слична судбина го очекува и Куманово, кој со службени 0-20 го загуби мечот со Кожув и кој куртули од исклучивање од елитата сѐ до решавање на жалбената постапка пред Арбитражата за службениот пораз од К. Соколи од 1. коло.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос