Јужна Кореја и Јапонија почнаа денеска дијалог на високо ниво за безбедноста, првпат од 2009 година и покрај тензиите поврзани со историските и територијалните спорови.
Почетокот на преговорите наречени „два плус два“, во кои учествуваат претставници на министерствата за надворешни работи и одбрана, е мал знак за одмрзнување на тензиите во билатералните односи.
Разговорите се посветени на прашања од регионалната безбедност, одбраната и соработката, соопшти Сеул, не наведувајќи други детали.
Сеул му забележува на Токио дека не се извинил за убиствата, кои јапонската војска ги извршила меѓу 1910 и 1945 година за време на окупацијата на полуостровот и за принудувањето на жените да работат во борделите за јапонските војници.
Односите меѓу Токио и неговите соседи се влошија и поради теиторијални спорови.