Ѓорческа со најдобар ранг во кариерата

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на денешната ВТА листа во сингл го бележи својот најдобар пласман во кариерата, додека во двојки е блиску до својот најдобар ранг.

Тоа се должи на финалето во сингл и победата во двојки на фјучрсот во Шарм Ел Шеик минатата недела.

Во поединечна конкуренција Ѓорческа е на 387.место со 82 поена и има напредок од 19 места, додека во конкуренција на двојки со 144 поени се наоѓа на 341.место, а нејзиниот најдобар ранг е 334.место.

Од македонските тенисерки ранг има уште Магдалена Стоилковска 1.207 (сингл) и 934 (двојки).

На врвот на ВТА листата во ТОП 5 се:
1. Серена Вилијамс,
2. Марија Шарапова,
3. Симона Халеп,
4. Петра Квитова и
5. Каролине Вознијацки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров