Кина составува „црна листа“ на своите туристи

Од:

Кина планира да состави „црна листа“ на своите туристи кои непристојно се однесуваат во странство и на тој начин ја оцрнуваат својата земја.

Нарушувањето на јавниот транспорт, оштетувањето на јавниот и приватниот имот, непочитувањето на локалните обичаи, сквернавење на историските објекти или коцкање и учествување во порнографски активности, се прекршоци со кои Кинезите ќе бидат внесени во националната база на податоци, објави кинеската Управа за туризам.

– Оние кои ќе ги прекршат правилата ќе се најдат на таква листа две години, се наведува во одредбите кои оваа недела стапија во сила.

Правилата се донесени бидејќи кинеските туристи почнале на себе да го обрнуваат вниманието на јавноста, посебно по неодамнешниот инцидент кога ја отворале авионската врата за евентуална опасност.

Еден кинески патник во декември минатата година на меѓународен лет и фрлил на стјуардесата чинија полна со жешки тестенини, а минатиот месец светот можеше да ја види кратката видео снимка од дивеењето на кинески туристи на еден аеродром во Јужна Кореја.

Управата за туризам не ги прецизирала казните за оние кои ќе се најдат на „црната листа“.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција