Од занданите на Идризово Љубе Бошкоски во свое име и во име на Обединети за Македонија го честита христијанскиот празник Велигден.
Утре е најголемиот христијански празник воскресение Исусово – Велигден. Како што се отвори небото господово да ја прими душата Исусова, така нека се отворат вашите племенити души, благородни срца, длабоко од вашиот ген нека силно екне љубовта, светлината на вашите мисли во вашата индивидуа посакувајќи му здравје, среќа, бериќет на вашето семејство, вашите најблиски и на сите граѓани насекаде околуи вас, се вели во честитката.
Негувајќи ги христијанските традиции се раѓа потребата на помагање, почитување, разбирање со сите граѓани подеднакво.
Мојата љубов, моите мисли насочени се кон моето семејство, моите најблиски, кон вас драги мои браќа и сестри каде и да сте и кон сите граѓани на моја и ваша Македонија.
ИСУС ВOСКРЕСЕ – ВАИСТИНА ВОСКРЕСЕ.