Шестото издание на манифестацијата „Виноскоп“, почнува утре во 21 часот, а ќе трае до недела. На настанот ќе се претстават 19 производители на вино и традиционално, ќе се промовира македонското вино во и надвор од земјава.
Почетната цена за една чаша вино ќе биде 70 денари. Виното и храната ќе можат да се купат само со ваучери.
Музичкиот дел на фестивалот ќе го отвори Игор Џамбазов, а предвиден е настап на повеќе изведувачи.