А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЦИВИЛ: Продолжуваат притисоците и превирањата во ССМ

by А1он11/04/2015 - 11:31147
Share0

Превирањата во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) продолжуваат. ЦИВИЛ – Центар за слобода подолго време инсистира на ставот дека правото на синдикално организирање е едно од основните права на работниците, а силен и независен синдикат со демократска структура е од суштинско значење за заштита на работничките права.

Добивај вести на вибер

Следејќи ги последните настани во ССМ, ја изразуваме нашата загриженост поради одложувањето на седницата на Претседателството на ССМ на која што треба да се констатираат два кандидати за избор на Претседател на ССМ. Уште позагрижувачки е тоа што ова одложување се користи за дополнителни притисоци врз гранските синдикати што го поддржуваат Симон Силјановски, противкандидатот на досегашниот претседател, Живко Митревски.

Извори од ССМ јавуваат дека најновите притисоци се во форма на наметнување варијанти во стилот „земи или остави“. На гранските синдикати што го поддржуваат противкандидатот Симон Силјановски им се нуди „компромис“ во форма на заменик-претседателско место во ССМ за Симон Силјановски. Во случај да не го прифатат тоа, врхушката на ССМ се заканува дека предлогот за кандидатура на Силјановски ќе го отфрли на претстојната, повеќе пати одложена, седница на Претседателството на ССМ. „Ќе му најделе некој „пропуст“ за да го оправдаат тоа“ – наведуваат нашите извори.

Според дел од гранските синдикати кои ја добиле оваа „понуда“, ваквиот пристап не само што не е демократски туку е и нестатутарен. Никаде во Статутот на ССМ нема одредби за позицијата „заменик претседател“. Менување на одредбите на статутот може да се изведе само со гласање на делегатите на Конгрес на ССМ. Со евентуално прифаќање на „понудата“ на Живко Митревски, самите синдикати би се довеле во правен лавиринт да гласаат за нешто што е спротивно на нивниот „устав“ – Статутот на ССМ.

Претставници на гранските синдикати со кои контактираше ЦИВИЛ нагласуваат ваквиот начин на „договарање“ е крајно недемократски и неприфатлив. Дел од нив дури се сомневаат дека Митревски ги (зло)употребува имињата на неколку високи функционери на партиите на власт – со или без нивно знаење. Тоа е прашање на кое сегашниот претседател ќе треба да одговори пред своите членови.

Најдемократски ќе биде овозможувањето на два кандидати за избор на Претседател на ССМ а бидејќи поддршката на двата кандидати е од грански синдикати кои бројат над 30,000 членови. Ако веќе мора да се поставува компромис, тој треба да биде демократски изгласан, евентуално во форма на договор кандидатот што ќе изгуби да биде избран за заменик-претседател – велат нашите извори.

ЦИВИЛ уште еднаш нагласува дека правото на синдикално организирање е неприкосновено, а синдикатот (ССМ) мора да има демократска структура за да може доследно и транспарентно да делува и да ги застапува правата на работниците.

civil

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска15/05/2019 - 08:40

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

Сандра Бошковска07/03/2019 - 11:09

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска03/03/2019 - 14:23

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски02/11/2018 - 14:14

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска25/09/2018 - 12:23

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски19/09/2018 - 18:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен