Авијацијата на арапската коалиција нанесе ноќеска серија удари врз воени објекти во главниот град на Јемен – Сана.
Скај њуз оф Арабија јави дека цел на новите напади била авио база што се наоѓа близу аеродромот во Сана. Според податоци на телевизијата, од бомбардирањата избувнал голем пожар.
Саудиските ВВС со поддршка од авијацијата на Бахреин, Катар, Кувајт и ОАЕ почнаа на 26 март операција против шиитските бунтовници од движењето Ансар Алах кои презедоа голем дел од територијата на Јемен. Арапската коалиција ја поддржуваат и Египет, Јордан, Мароко, Пакистан и Судан.