Сенатот во Франција даде зелено светло супермаркети да даваат непродадена храна на хуманитарни асоцијации

Од:

Францускиот Сенат одлучи супермаркетите да донираат непродадена храна на хуманитарни асоцијации, јавија француски медиуми.

Одлуката на сенаторите овозможува супермаркетите со површина над илјада квадратни метри да организираат собирање на непродадена, но погодна за употреба храна и давање на различни асоцијации за помош во храна.

За да влезе во сила, текстот треба да биде изгласан и во Националното собрание.

– Секој ден супермаркетите фрлаат меѓу 20 и 40 килограми храна додека во Франција има луѓе кои не може да се прехранат поради недостиг од пари, нагласи сенаторката Натали Гуле.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата