Мудис му додели на новиот европски фонд највисок рејтинг и негативни прогнози

Од:

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис му додели на новиот европски кризен фонд, Европски стабилизациски механизам (ЕСМ), највисок рејтинг „Aaa“ и негативна прогноза.

Највисокиот рејтинг од Мудис го образложија со очекуваното ниско ниво на задолженост на ЕСМ, кредитната способност на државите на еврозоната кои стојат зад него и статусот на кредитор со првенство на наплата.

Негативната прогноза ЕСМ ја дели со најголемиот дел од членки на еврозоната кои го имаат највисокиот рејтинг „Aaa“, но и негативна прогноза. Исклучок е единствено Финска, која е единствената држава членка со највисок рејтинг и стабилна прогноза.

Мудис предупредува дека влошувањето на кредитната способност на државите членки може да резултира со понизок рејтинг на ЕСМ.

Намалувањето на политичката поддршка на ЕСМ од страна на еврозоната би можел да има негативни импликации по рејтингот на фондот“, соопшти Мудис.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот