КК Работнички утре нема да игра против Карпош Соколи 2000

Од:

Скопскиот кошаркарски клуб Работнички денеска информира дека доставил соопштение до Кошаркашката федерација на РМ дека нема да го одигра натпреварот против КК Карпош Соколи 2000 од Скопје закажан за утре.

-Споре Работнички, во изминатиот период биле донесени повеќе дискутабилни одлуки под сомнителни околности од страна на Кошаркашката федерација на РМ и за нив неразбирливи основи, меѓу кои и прифаќањето на КК Карпош Соколи да биде дел од највисокиот степен на натпревари на национално ниво.

– Како последица на противзаконската одлука Карпош Соколи да биде прифатен во највисоката лига, закажан е натпревар помеѓу КК Работнички АД Скопје против КК Карпош Соколи на сосема нелегитимен начин и покрај тоа што нелегитимното вклучување на овој клуб во највисоката лига е констатиран и со Одлука за несообразност на КК Карпош Соколи 2000 со Законот за спорт, донесена од страна на претседателот на МКФ на ден 30.03.2015 година.Од таа причина, како и врз основа на нејасните околности, Ве известуваме дека КК Работнички под ниедни околности нема да се согласи да постапува спротивно на позитивните законски прописи, со што ставот на КК Работнички е дека нема да го одигра веќе закажаниот натпревар на ден 11.04.2015 година против КК Карпош Соколи 2000, се вели во соопштението од КК Работнички.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос