Натпреварот од 1.коло од Супер лигата во кошарка меѓу Карпош Соколи и Куманово комисијата за натпревари го регистрира со службен резултат 20:0 за домаќинот Карпош Соколи.
Кумановчани по чекањето од 15 минути не се појавија на теренот во СЦ „Борис Трајковски“, а покрај поразот тие нема да добијат и еден бод.
Оваа одлука е донесена според пропозициите за натпреварување на МКФ од страна на комисјата за натпревари. Од таборот на Куманово најавија дека нема да го играат овој натпревар и, воедно, сега се очекува да поднесат и жалба на оваа одлука за службен резултат и тоа до Арбитражната комисија на МКФ.
По 17-то коло на чело на табелата е МЗТ Скопје Аеродорм со 30 бодови, пред Карпош Соколи со 29, Работнички и Фени Индустри имаат по 28, а Кожув и Куманово по 26 бодови.