Мемети: Не ги злоупотребувајте децата

Од:

„Апелирам и препорачувам до сите надлежни во рамки на тоа што значат нивни законски овластувања да не поттикнуваат и да не дозволуваат попречување на правата на децата или нивна злоупотреба за други цели затоа што децата се иднината на нашето општество“, истакна Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, по денешната тркалезна маса на тема „Слобода на изразување“.

„Сите да се воздржуваат од дејствија кои може да донесат проблеми, а пред се да им наштетат на добриот интерес на децата“, изјави Мемети.

Народниот правобранител потсети дека основното и средното образование се загарантирани со Уставот на Република Македонија.

„Факт е дека Законот за основно образование ги пропишува општите услови за формирање паралелки, но исто така факт е дека истиот Закон има и исклучоци, кои се однесуваат на тоа кога не може во одредени места да се исполнат критериумите за созадавање паралелка“, додаде Мемети.

 

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО