Шестнаесет високи службеници во Молдавија притворени поради истрага за корупција

Од:

Во Молдавија поради сомнение за корупција се приведени високи службеници од системот на здравство, меѓу кои и раководители на повеќето медицински центри во земјата, јави ТАСС.

Претставникот на Националниот центар за борба против корупцијата Богдан Зумбрјану изјави дека истрага е покрената против 21 лица, а 16 од нив се во 72-часовен притвор.

– Против тие лица се покренати кривични постапки за корупција и пречекорување на службената должност, истакна тој и додаде дека станува збор за измами при организирање тендери за купување на лекови и медицинска опрема.

Меѓу приведените се поранешниот министер за здравство Андреј Устај, шефот на Агенцијата за лекови Александар Коман, заменик-шефот на Дирекцијата на затворите Сергеј Цуркану и првиот човек на Агенцијата за јавни набавки Генадиј Гриб.

Зумбрјану изјави дека истрагата располага со документи кои покажуваат дека со овие незаконски активности на државата и е нанесена штета од околу десет милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он