Вучиќ ќе апси уште еден министер?

Од:

Првиот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ изјави за Блиц, дека сака да покрене истрага против еден актуелен член на српската влада.

Поради тоа, тој бара поддршка од претседателот на Србија, Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ.

Вучиќ со отворено писмо и се обрати на јавноста, каде што бара поддршка за понатамошна борба против корупцијата.

Како што пишува Блиц, поради оваа борба веќе има несогласувања помеѓу СПС и СНС.

Коментирајчи го писмото на Вучиќ, премиерот Ивица Дачиќ, за Блиц изјави дека на темата корупција во владата немало никакви несогласувања.

„Борбата против криминалот и корупцијата и нивното намалување е цел која оваа влада ја најави и во таа борба сме заедно од самото формирање. Како премиер очекувам поддршка од сите министри и не само кон таа борба. Бирото за борба против криминал и корупција работи во полн состав и е многу ефикасно. Комуникацијата меѓу членовите на владата е квалитетна“, изјави Ивица Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија