ОН упатија повик за собирање 111 милиони долари хуманитарна помош за населението во Северна Кореја. Светската организација наведува во соопштение дека над две третини од населението на изолираната комунистичка држава е под закана од недохранетост.
ОН повика да бидат собрани 111 милиони долари за да може пет агенции да им помогнат на 18 милиони жители на таа држава со доставување храна и вода за пиење.
Речиси 70 отсто од населението во Северна Кореја или 18 милиони, „немаат можност да се хранат правилно“, нагласува ОН. Во соопштението се додава дека 27,9 отсто од децата под 5-годишна возсраст страдаат од хронична недохранетост.