Од почетокот на меѓународната воена операција против шиитски бунтовници во Јемен, на 26. март, до 6. април во земјата загинале 643 лица, а 2.223 се повредени, соопшти денеска во Женева Светската здравствена организација, јави ТАСС.
Бројот на загинати е определен спорад податоци, пристигнати од јеменски болници, но тој може да се зголеми, бидејќи продолжуваат да пристигнуваат нови информации, се навдува во соопштението.
Портпаролот на УНИЦЕФ Кристоф Булиерак соопшти дека од 26. март во Јемен се убиени најмалку 74 деца, а 44 се повредени.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна на 26. март воздушни напади врз шиитски бунтовнци хуси, кои контролираат голем дел од територијата на Јемен. Во коалицијата учествуваат Бахреин, Јордан, Катар, Кувајт, Мароко, ОАЕ, Пакистан и Судан.