Тачи: Изјавата на Рама за обединувањето е погрешно пренесена

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Косово Хашим Тачи, смета дека изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за неизбежно обединување на Косово и Албанија е погрешно протолкувана бидејќи Рама всушност зборувал за бришење на границите откако двете земји ќе станат членки на Европската унија.

– Лично бев со албанскиот премиер Рама кога го даде тоа интервју и можам да кажам дека неговата изјава е погрешно интерпретирана, рече Тачи во заедничката изјава за новинарите со хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ по нивната средба во Загреб.

Тачи изјави дека Рама е реформски настроен политичар кој има силна перспектива за патот на својата земја, односно дека силно го поддржува дијалогот со цел да дојде до нормализација на односите меѓу Косово и Србија, пренесува Фена.

Тој истакна дека Косово и Албанија делат иста визија за регионот на југоисточна Европа која ќе биде „отворена, со отворени граници и можност за слободно движење според европскиот модел“.

– Во ниту еден случај не зборуваме за промена на границите, туку за менување на видливоста на тие граници каде луѓето ќе можат слободно да се движат, согласно европскиот модел, бидејќи на крајот сите ќе бидеме дел од европското семејство, рече Тачи.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави вчера дека неговата земја и Косово „ќе се обединат на класичен начин“, доколку ЕУ не ги отвори вратите за евроинтеграција на Косово и визна либерализација.

Во заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за приштинската телевизија „Клан Косово“, Рама изјави дека обединувањето на Косово и Албанија има две алтернативи и се зависи од пристапот на ЕУ.

Тој истакна дека „прво е обединување во ЕУ, но ако Унијата продолжи да ги затвора вратите за интеграција на Косово, тогаш двете држави ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин“.

Осврнувајќи се на изјавата на албанскиот премиер, Тачи нагласи дека Рама воопшто не упатил закана до ЕУ, туку станува збор за реалност која може да се оствари во иднина како резултат на изолација на Косово од Унијата.

Од друга страна, српскиот премиер Александар Вучиќ, како реакција на изјавата на Рама, порача дека Косово и Албанија никогаш нема да се обединат.

– Му ветувам на премиерот Рама дека Косово и Албанија, како што вели тој на класичен начин, никогаш нема да се обединат. Затоа ги молам албанските лидери да престанат со натамошно предизвикување нестабилност во регионот, напиша Вучиќ на Твитер.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица