Божиновска ги осуди бомбите во строг пост, но се омрси со линчот кон Заев

Од:

Претседателката на собраниската Комисија за верски заедници, Валентина Божиновска, апелраше опозицијата да го испочитува строгиот велигденски пост и да се водзржи од објавување на нови коруптивни скандали, но нема коментар за линчот кој се врши кон лидерот на опозицијата, Зоран Заев. На прашањето дали ќе апелира до граѓаните да не се потпишуваат на иницијативата за велепредавство на Заев во пресрет на големиот христијански празник, таа одби да одговори.

– Се што имав да кажам кажав во изјавата. Денес е многу важен празник, Ден на Ромите, јас мислев дека ме барате да ме прашате за тоа – изјави Божиновска за „А1ON“.

Преку провладините медиуми таа денеска и порача на опозицијата дека е поткопување на религијата тоа што опозицијата обелоденува коруптивни скандали во кои се вмешани владини функционери, иако Заев на последната прес конференција изјави дека нови бомби нема да бидат обелоденети за време на празникот.

– Недозволиво е во време на пост, христијанин на христијанин да ви фрла грозни бомби. Малку да има памет лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе рече јас ова не го правам за време на пост. Ова е цело време во текот на строг пост. Ова е по­ткопување на религијата, на демохристијанскиот принцип, на културата, на тради­цијата – смета таа.

Професорката и експерт за човекови права, Мирјана Најчевска, на својот фејсбук профил ја прокоментира изјавата на Божиновска, велејќи дека како претседател на Комисијата за верски заедници таа не смее да пропагира едно верско убедување.

„Божиновска е претседателка на Комисија или пак патрон и заштитник на христијанството? Доколку настапува како претседателка на државна комисија, тогаш пропагирањето на едно верско убедување претставува противзаконски акт за кој треба да биде казнета. Доколку настапува во лично својство, како верник, тогаш би било убаво да ја прочита светата книга на тоа убедување (Библијата). Можеби тогаш нешто ќе и значат зборовите на Јаков: “Ако некој мисли дека е побожен, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговата побожност е суетна“.

Или пак писанието на Лука “Љубете ги своите непријатели, правете им добро на оние кои ве мразат, благословувајте ги оние кои ве колнат, молете се за оние кои ве навредуваат.“ А мене посебно ми се допаѓа “Ви велам така ќе биде на небото: поголема радост за еден грешник кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници кои немаат потреба од каење“, напиша Најчевска.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени