На поранешниот министер Оливер Дулиќ му е врачен повик, попладне да се јави на сослушување во Обвинителството за организиран криминал, на чие барање вчера на Дулиќ му беше одземен пратеничкиот имунитет, дознава Б92.
Обвинителството за организиран криминал го сомничи Дулиќ за злоупотреба на службената положба при издавањето дозвола за поставување на оптички кабли на трасите долж државните патишта на словенечката компанија Нуба инвест.
Поради истрагата во овој случај во саботата беа уапсени, Небојша Јањиќ, поранешен помошник на Дулиќ и Зоран Дробњак, директор на ЈП Патишта на Србија за време на мандатот на Дулиќ.
Доколку судот утврди дека Оливер Дулиќ е виновен, тој би можел да биде осуден на казна затвор помеѓу две и 12 години.