Бугарија се жали до ЕК поради грчкиот данок на бугарски зделки и трансакции

Од:

Софија поднесе жалба до Европската унија поради данокот од 26 проценти што го воведе Грција на сите зделки и трансакции по потекло од Бугарија, соопшти денеска бугарската Влада.

Како што јави БТА, Владата го овластила бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов да ја поднесе жалбата до Европската комисија врз основа на членот 259 од Договорот за функционирање на ЕУ.

Бугарија бара укинување на грчкиот данок од 26 отсто за зделки и трансакции на бугарски компании, оценувај’и дека таквата мерка на Грција е дискриминациски и непропрционална.

Согласно процедурите на ЕУ, двете страни имаат рок од три месеци да ги изложат своите ставови во врска со спорот, по што Комисијата ќе донесе конечна одлука. Доколку Бугарија не биде задолна од одлуката ќе може да се жали до Судот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски