Штрајк на француските контролори на летање

Од:

Поради штрајк на контролорите на летање, во Франција денеска се откажани 40 отсто од вкупниот број летови, објавија француски медиуми.

Синдикатот на вработените во цивилното воздухопловство организира дводневен штрајк поради незадоволство од условите за работа и за заминување во пензија.

Најголемиот француски авиопревозник „Ер Франс“ соопшти дека штрајкот нема да влијае врз прекуокеанските летови и гарантира извршување на 60 отсто од летовите во Европа и само една третина во државата.

Штрајкувачите сметаат дека е спорно зголемувањето на возраста за заминување во пензија на контролорите на летање од 67 на 69 години. Тие планираат нови штрајкови за периодот меѓу 16 и 18 април, како и од 29 април до 2 мај.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата