Водачот на воениот удар во Тајланд, извршен во мај минатата година, генералот Прајут Кан-ока, побара од претсткажувачите на судбината да не се занимаваат со него.
Генералот, кој сега е во пензија, но како преоден премиер и натаму е главната личност во политичкиот живот на Тајлан денеска реагираше по објавување на претсткажувањето на еден познат гатач, кој во весникот „Бангкок Пост“ најави дека Прајут уште три години ќе остане на власт.
Прајут по преземањето на власта од страна на војската прво вети дека цивилни избори во Тајланд ќе се организираат најдоцна до ноември оваа година, но набрзо го смени ставот тврдејки дека демократијата, редот и мирот во земјата ќе бидат воспоставени дури идната година, најрано во месец мај.
Астролозите се многу влијателни личности во Тајланд, а земјата е позната и по големиот почит кон култовите, кои често се граничат со суеверие.