Ериберто Ласкано, водачот на озлогласениот нарко картел Зетас, е убиен во пукање во близина на мексиканско-американската граница.
Мексиканската полиција во соопштението наведе дека се уште се чека на конечниот резултат на форензичарите, но дека телото му припаѓа на Ласкано, попознат и како „Ел Ласка“, пренесува агенцијата АФП.
До пукање дошло во Коауили, една од државите на границата со САД, каде што постојано се води борба за превласт над трговијата со дрога.
Се проценува дека околу 60 илјади луѓе го изгубиле животот од почетокот на пресметката меѓу мексиканските власти со бандите и картелите во 2006-та година.