Околу 190 Холанѓани се приклучиле кон џихадистички групации, соопшти Министерството за правда и за безбедносни прашања.
Според податоците на Министерството 125 лица во моментов се наоѓаат во во кризните жаришта во светот и се борат на страната на терористите.
Околу 35 лица се вратиле во Холандија, а уште 30 лица загинале во борбени дејствија.
Министерството нагласува дека опасност за земјата не претставуваат само овие лица, туку и радикалните исламисти, кои живеат во Европа и кои не биле вои кризните жаришта на Блискиот Исток и во северна Африка.
– Тие се тесно поврзани со терористички организации. Нивната главна улога е да ги шират своите идеи на Интернет и социјалните мрежи и да врбуваат нови членови за извршување напади и за учество во борбени дејствија, нагласи Министерството.