Тркалезна маса на тема „Говор на омраза“

Од:

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира тркалезна маса посветена на темата: „Говор на омраза”.

Тркалезната маса ќе се одржи во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители и е наменета за судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациони подрачја, новиннари, како и претставници од други релевантни институции.

Целта на тркалезната маса е да се овозможи стручна дебата за говорот на омраза и криминалот од омраза, кои во последно време стануваат многу актуелни и предизвикуваат голем број на прашања и полемики во јавноста.

Најчесто дилемите се јавуваaт при дефинирањето, препознавањето и отфрлањето на говорот на омраза како негативен комуникациски феномен, кој пред сé, предизивкува, поттикнува и промовира омраза заснована на нетолеранција, како и за санкционирањето на криминалот од омраза за кој во сите демократски општества постојат законски санкции, па оттука се наметна и потребата за организирање на оваа тркалезна маса, каде ќе бидат разгледани сите правни аспекти.

Во рамките на двете работни сесии на горенаведената тема ќе говори Академик проф. д-р Владо Камбовски, претседател на Македонската aкадемија на науките и уметностите.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО