Кениската полиција приведе шест лица осомничени за масакрот во Универзитетот во Гариса. Меѓу уапсените петмина се од Кенија, а еден е државјанин на Танзанија.
На осомничените им е одреден притвор од 30 дена.
Досегашната истрага утврди дека осомничените биле во постојан контакт со напаѓачите.
Досега кениските власти соопштуваа само за петмина приведени, а само на двајца им беше откриена националноста.
Осомничените се товарат дека им помагале на исламистите, кои минатата недела го нападнаа универзитетскиот кампус во Гариса. Нападот се претвори во заложничка криза. Во операцијата на кениската полиција беа убиени четворицата напаѓачи, кои претходно убија 148 луѓе, од кои 142 студенти, тројца војници и тројца полицајци.