ПДП: Програмата на албански на МТВ покатастрофална од Прва

Од:

Со поддршка за заклучоците на Новинарскиот пленум за состојбите во информативната редакција на МТВ се огласи Партијата за демократски просперитет (ПДП), која посочува дека поданичкиот однос на новинарите од јавниот радиодифузен сервис е уште понагласен на вториот канал, односно во програмата на албански јазик.

„ППД со големо жалење констатира дека состојбите во МТВ2 – програмата на албански јазик се уште по катастрофални, затоа што во МРТВ1 понекогаш може пред екранот да поминува некоја слика или вест која не е од составот на лидерите или активностите на ВМРО-ДПМНЕ, додека во МРТВ2 информативните програми банално започнуваат и уште побанално завршуваат со говорите или цитатите на „големиот вожд“ Али Ахмети“, се вели во соопштението од опозициската партија.

ПДП вели дека е жалосно што се случува тоа во информативни програми за кои мора да плаќаат сите граѓани, поради кои на многумина им се блокирани сметките.

„ПДП исто така жали што МТВ2, која функционира со парите од блокираните сметки на пензионерите и другите граѓани, кои со неплаќањето на наметната ТВ такса, на Владата и даваат до знаење дека се изморени од шунд политиката и шунд политичарите и бараат враќање кон вистинските вредности на информирањето на оваа информативна куќа која се финансира од нивниот џеб“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он