ЦИВИЛ со поддршка за барањата на Ромите

Од:

По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, Здружението „Романо Авази„ организира „Марш на гордостта и достоинството“.

“Со овој маршќе биде испратена порака дека ние не сакаме да бидеме Роми само еден ден во годината. Власта требада вложи поголеми напори за состојбата на Ромите да се подобри и да стигне на ниво како кај останатите заедници кои живеат во Македонија“, се вели во соопштението на ова здружение.

Протестниот марш ќе започне во среда на 8 април, во 11:45 од Топаана, преку улицата „Самоилова“, до Владата.

По маршот ќе се поднесат барањата до Владата на Република Македонија за решавање на проблемите на ромската заедница.

Барањата на „Романо Авази“ се:

Измени на Правилникот за користење на социјална парична помош; почитување на охридскиот Рамковен договор и правична застапеност на Ромите при вработувањата; почитување на основните човекови права и прекинување на дискриминаторските постапки на граничните премини и јавно извинување на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за навредата на ромската заедница.

ЦИВИЛ – Центар за слобода целосно ги поддржува оправданите барања за подобрување на состојбите на Ромите во секој политички и социјален сегмент.

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро реагираше веднаш по објавените аудио снимки со навредливиот речник на министерката Јанкуловска кон Ромите. И тогаш, ЦИВИЛ – Центар за слобода побара јавно извинување кон Ромите и одговорност за искажаната навреда.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски