Кенија: Стотина студенти маршираа во чест на жртвите во нападот на универзитетот Гариша

Од:

Стотина кениски студенти маршираа денеска низ центарот на Најроби во чест на жртвите во нападот врз универзитетот Гариша во кој загинаа 148 лица, пренесува Фена.

Група од околу 250 студенти мина низ главните улици на кенискиот главен град барајќи зголемуавње на мерките за безбедност.

Демонстрантите ја осудија сомалиската екстремистичка група „Ал Шабаб“, која ги изврши нападите минатата недела врз универзитетот Гариша во североистичниот дел на Кенија, во кој загинаа 148 студенти.

Групата носеше транспаренти: „Заморни сме од Ал Шабаб“, „Останувате во нашите срца“ и „Почивјате во мир колеги“.

Демонстрантите запреа пред канцеларијата на претседателот Укуру Кениата со цел да достават барања, меѓу кои и за државна отштета на семејствата на загинатите во нападот во Гариша, изградба на споменик на жртвите и подобра безбедност на универзитетските кампуси низ земјата.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“