Сирењето заслужно за едно од најголемите чуда во човековата историја

Од:

dnevnik.hr – Загреб

Приказната за тоа како настанало сирењето, односно како човекот го открил сирењето оди некако вака: еден топол летен ден пред 9.000 години, еден номад патувал на секаде и со себе донел и малку млеко во желудник на животно кој му служел како термос, за да има нешто да испие на крајот на напорното дневно патување. Кога конечно застанал да се одмори и да се напие млеко, открил дека млекото се претворило во грутки и така настанало првото сирење.

Таа приказна има еден проблем, според научниците за сирење и историчарот Пол Киндстед од Универзитетот Вермонт, номадите кои живееле во плодни подрачја на Блискиот Исток околу 7000 години п.н.е. биле нетолерантни кон лактозата во млекото. Номадите кои патувале секако избегнувале да пијат млеко, бидејќи тоа само би им задало големи проблеми во желудникот.

Киндстед, кој ја напишал и книгата „Сирењето и културите“, објаснува дека 1000 години пред какви било траги за производство на сирење, кои можеле да се најдат во археолошките истражувања, луѓето почнале да одгледуваат посеви на полиња со пченица и други житарки кои ги привлекувале локалните диви овци и кози, а кои со млекото го хранат својот подмладок.

Човечките бебиња совршено се прилагодени на конзумација на млеко. Првите луѓе тоа брзо го сфатиле и почнале да се занимаваат со млекарство, но првите 1000 години, бебињата и доенчињата биле единствени кои конзумирале млеко.

Возрасните луѓе од тоа време не ја поднесувале лактозата во млекото, а Киндстед на тоа додава и дека науката точно знае од еден арехео-генетички и генски модел дека толеранцијата на лактозата кај возрасните луѓе не се развила пред 5500 години п.н.е.

Некој одважен…

Вистинската појава на сирењето се случила околу 8500 година п.н.е., со два симултани развои во човековата историја. Прво, од тоа време, прекумерната земјоделска пракса го исцрпувала плодното тло, што довело до први катастрофи во природата предизвикани од човекот. Како резултат на тоа неолитските луѓе почнале да одгледуваат стада кози и овци, бидејќи тие животни можеле да преживеат хранејќи се на тлото кое инаку не било плодно за посеви.

Второ, луѓето го развиле лончарството, односно првите практични садови за собирање на млеко и хранење.

Во топлата природа на плодните региони на Блискиот Исток, објаснува Киндстед, луѓето веднаш не го користеле млекото, туку го пуштиле да стои во ново откриените садови од глина. Млекото поради тоа многу брзо се згрутчувало, за само неколку часа, поради природната топлина и бактериите во него. Во еден момент, некој се одважил и ја пробал згуснатата маса и открил дека може да ја јаде во многу поголеми количини од млекото.

Тоа се случува поради тоа што околу 80 отсто од лактозата настанува со сурутката, правејќи вкусно сирење и лесно за желудникот.

Отритието довело и до генетски мутации

Со откривањето на сирењето, луѓето одеднаш можеле да додаваат млечни производи во својата прехрана. Сирењето претставувало целосно нов извор на нутриенти и калории за возрасните и како резултат на тоа млекарството интензивно заживеало и од тогаш се одржало во човечката исхрана.

Тоа значело дека децата и новороденчињата биле многу често изложени на млечни производи, што на крај, преку мутирањата довело до развој на толеранција на лактозата кај идните генерации на луѓе и во повозрасни години.

Во многу кусо време, барем во термините на човечката еволуција, можеби само неколку илјадници години, таа мутација се проширила на плодните региони на Блискиот Исток.

Бидејќи тие луѓе се селеле во Европа, таа генетска мутација ја носеле со себе и ја ширеле и понатаму. – Тоа е пример на генетската селекција која се случува во неверојатен кус временски период на човечката еволуција. Тоа навистина е светско чудо и тоа ја променило западната цивилизација за секогаш, заклучува Киндстед.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ