Грција е на чекор од банкрот и треба да бидеме подготвени за „грегзит“, односно за истапување на Атина од еврозоната, бидејќи во таков случај на земјата ќе и биде потребна нова национална валута, наведува германскиот магазин „Шпигел“.
Во текстот се тврди дека по враќањето на 460-те милиони евра од долгот кон ММФ, за што краен рок е 9 април, никој не знае дали Грција ќе има пари за исплата на плати и пензии.
„Шпигел“ оценува дека ако прогласи банкорт Грција ќе треба да воведе времена валута, која по извесен период би била трансформирана во драхма или земјата повторно би му се вратила на еврото.
– Едно е сигурно, а тоа е дека по два до три месеци Грција не ќе може да најде дополнителни пари. Тогаш некој ќе треба да отстапи: или Грците или кредиторите или пак и двете страни. Ако тоа не се случи неизбежно ќе се соочиме со „грегзит“, наведува „Шпигел“.