Најмалку 18 загинати во нови судири во Јемен

Од:

Најмалку 18 лица загинаа во текот на ноќта во јужниот дел на Јемен, од кои најголем број во Аден, во борбите меѓу шиитските бунтовници и силите лојални на јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади, соопштија денеска здравствени и воени извори.

Во вториот по големина јеменски град Аден борби се воделе во квартот Моала, каде меѓу војниците на Хади има четири жртви, а осуммина се повредени. Убиени се и шестмина бунтовници.

Во судирите јеменските безбедносни сили повторно ја презеле контролата врз неколку делови на Моала во центарот на градот.

Поморските сили на арапската коалиција нападнале неколку бунтовнички позиции во Аден, додека во провинцијата Абијан, источно од Аден, од заседа се убиени осуммина шиитски бунтовници.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида