Дјук шампион во НЦАА лигата

Од:

Кошаркарите на Дјук ја освоија титулата во НЦАА лигата откако во финалето ноќеска го победија Висконсин со 68:63 (31:31).

Ова за екипата на Дјук е петта титула во 11. финале на завршниот турнир, додека Висконсин остана со две титули.

Натпреварот беше решен во последните седум минути од второто полувреме кога Дјук направи серија од 14:9. Признанието најдобар играч му припадна на Тајус Џонс од Дјук, кој во финалето постигна 23 поени, додека најпрецизен на „фајнл фор“ турнирот беше играчот на Висконсин Френк Камински со вкупно 41 поен (21 во финалето).

Завршниот дуел во Индијанаполис го следеа 71.149 гледачи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос